Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) создава ‘можни сценарија’ за проценка како да обезбеди дополнителна поддршка, ако биде потребно, на границите во Појасот Газа, изјави нејзиниот извршен директор Ханс Леијтенс, пренесува „Еурактив“.
Ситуацијата во регионот ескалира со повеќе од 1,3 милиони жители на Газа раселени и заглавени во Рафа, област од 64 километри квадратни на границата со Египет, додека Израел ги интензивира нападите.
„Ние се подготвуваме и ќе почнеме да правиме сценарија за да сфатиме што може да се случи, што ќе ни овозможи да реагираме како Европска агенција за гранична и крајбрежна стража,“ посочи Леијтенс.
Прашан какви за сценарија и каков тип распоредување сили се размислува, портпаролот на Фронтекс посочил дека е премногу рано да се дискутираат какви било детали, но дека агенцијата ќе се подготвува за дополнителна поддршка и за сценарија на различни гранични делови, имајќи ја наум чувствителбнисрта на терен, вклучувајќи ги и воените злосторства.
Во меѓувреме, хуманитарните организации преудупредуваат на присилното раселување луѓе.
„Сега во Рафа има повеќе од милион раселени Палестинци. Да ги принудите нив повторно да се евакуираат без да има безбедно место на кое можат да заминат би било незаконски и би имало катасторфални последици,“ вели Клаудио Франкавила од „Хјуман рајтс воч“.
Франкавила предупредува дека офанзива во Рафа што би резултирала со бркање на луѓето во Египет може да се претвори во присилна депортација, што претставува воено злосторство. Во исто време, тој вели дека луѓето во Газа би требало да можат да си заминат ако продолжи израелската офанзива.
„Израел и Египет треба да им дозволат на цивилите да ги преминат нивните граници за да побараат барем привремена заштита,“ истакна тој.
Франкавила се пожали дека некои членки на ЕУ продолжуваат да го снабдуваат Израел со оруже, истовремено обидувајќи се да го прекинат финасирањето на агенцијата на ОН за палрситнки бегалци (UNRWA) и покрај изобилството од докази за сериозното прекршување на законите за војување од страна на Израел.