„Федералната служба за безбедност на Русија спречи терористички напад во Република Крим. Како резултат на преземените мерки, уапсени се шестмина руски државјани, приврзаници на украинската екстремистичка организација „Десен сектор“. Се подготвувале да активираат импровизирана експлозивна направа во една од православните храмови во регионот за да го заплашат населението“ се наведува во соопштението на службата.
Вчера портпаролот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин, објави дека во Донбас пристигнале странски платеници и борци на фашистичкото движење „Десен сектор“.
„На 20 февруари во логорот Сармат во областа Краматорск пристигнаа одреди на „Десен сектор“ со платениците на една од странските приватни воени компании, вкупно околу 300 лица“, истакна тој.
Според него, тие веќе учествуваат во борби и саботажи на одредени сектори на фронтот.