Г7 ветува дополнителна буџетска поддршка за Украина

од Radmila Tasevska
158 прегледи

Богатите земји членки на Групата седум (Г7) се подготвени да направат повеќе за финансиска поддршка на Украина, се вели во денешното заедничко соопштение нивните министри за финансии.

Тие ги повикаа другите донатори да ја засилат својата поддршка за земјата разурната од војна, пренесува Ројтерс.

Г7 веќе има мобилизирано до 32 милијарди долари буџетска и економска поддршка за Украина, вклучително и 18 милијарди евра (19,09 милијарди долари) од Европската унија, се вели во соопштението.

Слични содржини