Гај Ричи се јави, не го дава Роко на Мадона

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Гај Ричи и Мадона се борат за старателските права над 15-годишниот син Роко Ричи, кој претпочита да живее со својот татко во Лондон.b78348b2fee8039c8d0ea69f470c390b

И ете сега 47-годишниот британски режисер се сврте и кон организацијата Fathers4Justice за помош во судската поделба.

Основачот на Fathers4Justice Мет O’Конор раскажува дека организацијата која постои од 2002 година, помага за време на судските недоразбирања на “илјадници татковци, вклучувајќи и неколку познати личности”.

Во декември 2015 година Мадона преку суд го принуди Роко да го помине со неа одморот во Њујорк. Адолесцентот сепак сакаше да остане со својот татко во Велика Британија.Тоа ја налути поп иконата и таа дури си дозволи да се појави на концерт во Мелбурн со лошо ментално здравје.

Многу од фановите помислија дека е излезена пијана на сцената. За здравјето  дури се грижи и ќерката на Мадона – Долорес.

Во 2008 година Мадона се разведе со Ричи по 7-годишен брак.

Слични содржини