Македонската поп пејачка Тамара Тодевска денеска се омажи. Таа и нејзиниот избраник кошаркарот Александар Димитровски-Мачка, се одлучија сепак за традиционална свадба.
Според првите објавени фотографии, таа избрала фустан во боја на шампањ, со долг вел. Свадбата започнала со традиционалното земање на невестата од домот и продолжила во Соборниот храм “Света Богородица” во Скопје.