Галтие: Не разбирам зошто Меси и Нејмар беа навредувани

од Vladimir Zorba

Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, призна дека е импресиониран од Лионел Меси и Нејмар и не разбира зошто до неодамна биле навредувани дури и од сопствените навивачи. Во неделата вечерта, поранешните соиграчи во Барселона помогнаа да се обезбеди триумф од 4-0 над Нант во натпреварот од Суперкупот на Франција.

„Минатата сезона и двајцата беа навредувани, а јас тоа не го прифаќам. Но, ова се фудбалери кои летово досега не пропуштиле ниту еден тренинг. Ги гледав многу одамна, сега ги гледам секојдневно и разговарам за нештата со нив“, изјави Галтие за „Amazon“.

Стручњакот е задоволен и од настапот против Нант: „Бевме организирани и во напад и во одбрана, што е многу важно за мене. Сепак, треба уште да работиме на позиционирањето на теренот во новата шема (со тројца централни дефанзивци) за да не дозволиме тимот да се подели на два дела“.

Шампионите ја започнуваат сезоната во Лига 1 на гости кај Клермон во сабота.

Слични содржини