Ганц: Израел мора директно да го таргетира Иран

од Milan1
18 прегледи

Израел мора директно да го таргетира Иран како одговор на нападите од посредници, изјави денеска израелскиот пратеник и поранешен министер без ресор Бени Ганц.

Според него, Израел, по нападот на јеменските бунтовници Хути и другите ирански посредници, „мора директно да го цели Иран“.

Ганц им рече на новинарите дека „решението за запирање на нападот е во Техеран“, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој повика на сеопфатен договор со палестинската милитантна група Хамас што ќе вклучува ослободување на сите заложници кои ги држеше групата во Појасот Газа.

Ганц рече и дека Израел ќе мора да ја искористи сегашната ситуација за, како што наведе, да ја „замени владата на Хамас“ во Појасот Газа и дека Хамас нема да исчезне преку ноќ, поради што, како што рече, израелската армија ќе продолжи да работи и во во иднина.

Слични содржини