Ганц: Израел мора и може да го нападне Иран

од Milan1
33 прегледи

Лидерот на израелската Партија за национално единство, Бени Ганц, повика на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки, по информациите дека Израел претходно се откажал од таков план, откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил во корист на дипломатијата.

„Иранскиот режим е експерт за одолговлекување. Државата Израел мора и може да ја отстрани заканата од нуклеарните капацитети на Иран“, истакна Ганц преку социјалните мрежи, објави „Тајмс оф Израел“.

Во хебрејската верзија на пораката, Ганц експлицитно изјавил дека „Израел мора и може да го нападне Иран“, пренесува Танјуг.

„Во тесна координација со нашиот голем сојузник, Соединетите Американски Држави, време е да се промени Блискиот Исток“, додаде Ганц.

Слични содржини