„Гардијан“: Западот сам придонесува за регрутирање нови терористи

од Vladimir Zorba
116 прегледи

По терористичките напади во Париз на 13 ноември, западните политичари со отворени очи паѓаат во замката на терористите, исто како што направија и по 11 септември 2001 година, наведува германскиот новинар Јирген Тоденхофер во авторски текст во лондонскиот весник „Гардијан“.

џихад

Според него, како и по нападите во Њујорк и Вашингтон во 2001 година, западните политичари и сега се одмаздуваат со бомби, убивјаќи првенствено недолжни цивили, со што создаваат терен за регрутирање на нови терористи.

– „Војната против теророт“ што ја објави американскиот претседател Џорџ Буш (по нападите на 11 септември), се покажа како класична програма за регрутирање терористи, наведува германскиот новинар.

Според него, несфатливо е како „водечките политичари на научиле ништо за време на 14-те години од контрапродуктивната војна против тероризмот“ и натаму веруваат дека „од осите можеш да се ослободиш, ако им го уништиш гнездото“.

Тој наведува дека во 2001 година во Авганистан имало само неколку стотици исламски терористи, а денес „кога војната против теророт однесе дури милион жртви, се соочуваме со околу 100.000 терористи“.

– ИД е создадена шест месец по инвазијата (во Ирак). Таа е чедо на Буш, смета Тоденхофер.

Според него, Западот треба да направи три работи за успешна борба против ИД.

– Прво, САД да ги спречат заливските земји да им испорачуваат оружје на терористите во Сирија и Ирак. Второ, Западот да и помогне на Турција да ги затвори границите за да се спречи приклучување на нови борци кон ИД. И трето да се направи национално помирување во Ирак и Сирија и сунитите повеќе да се интегрираат во полиитчкиот живот. По ова ИД ќе биде готова, како риба надвор од вода, заклучува Тоденхофер во авторскиот текст во „Гардијан“.