Гастербајтерите „бегаат“ од Германија: Ваква состојба последен пат е забележана пред 10 години

413 прегледи

Германија нема забележано толку мало зголемување на бројот на странци како во 2020 година – особено од земјите кои не се членки на Европската унија.

Дојче веле пренесува дека германското биро за статистика, според Централниот регистар на странци (AZR), на крајот на 2020 година забележало дека 11,4 милиони луѓе со документи од друга земја живеат во Германија. Нивниот број се зголемил за 204 000 луѓе, што е зголемување за само 1,8 проценти. Последен пат беше забележан ваков мал раст пред 10 години.

Во годината на круната пристигнаа 740 000 луѓе и заминаа 479 000, така што конечниот „биланс“ е 262 000 луѓе. Но, во 2019 година растот е 377 000 странци. Ова значи дека миграцијата кон Германија е намалена за 31 процент. Растот на бројот на граѓани во земјите што не се членки на ЕУ падна уште повеќе, од 3,3 проценти во 2019 година на 1,5 процент минатата година.

Нивниот број се зголеми за вкупно 147 000 луѓе, но тоа е скоро половина помалку од порано, што е минус од 44 проценти. За прв пат по многу години, повеќе граѓани на Кина и САД ја напуштија Германија отколку што дошле.