Гејтс собра стотици милиони долари од BlackRock, American Airlines, Microsoft, ArcelorMittal…

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Бил Гејтс собра стотици милиони долари од седум големи американски компании за развој на чиста технологија, кои може да одиграат клучна улога во борбата против климатските промени.

Непрофитниот Breakthrough Energy Catalyst, основан од Гејтс во 2016 година, објави дека обезбедил инвестиции од Microsoft, BlackRock, General Motors, American Airlines, Boston Consulting Group, Bank of America и ArcelorMittal, пишува CNBC.

Вкупниот износ на инвестицијата не е објавен, но според некои наводи, таа изнесува над милијарда долари. Организацијата со седиште во Вашингтон рече дека парите ќе бидат искористени за финансирање на нејзиниот „револуционерен енергетски катализатор“, проект започнат оваа година за финансирање, производство и купување нови решенија за да помогнат во поддршката на економијата без јаглерод.

Гејтс во изјавата рече дека е потребна „нова индустриска револуција“, доколку светот сака да избегне климатска катастрофа.

„Половина од технологијата потребна за намалување на емисиите на штетни гасови или се уште не постои или е прескапа за поголем дел од светот“, вели ко-основачот на Microsoft. „Катализатор е дизајниран да го промени тоа и да обезбеди ефикасен начин за инвестирање во нашата иднина на чиста технологија“.

Според него, Catalyst на глобално ниво ќе го разгледува пејзажот на енергетски иновации – клучни технологии, водечки компании, финансиски партнери и најважните политики, како и финансирање на проекти кои ќе имаат најголемо позитивно влијание врз нашата планета. Програмата првично ќе се фокусира на директно зафаќање воздух, зелен водород, долгорочно складирање енергија и одржливо воздушно гориво.

BlackRock вети 100 милиони долари за пет години преку својата добротворна фондација, додека Microsoft, American Airlines i ArcelorMittal ветија иста сума. Останатите не го открија износот на нивните инвестиции.

Извршниот директор и претседател на BlackRock, Лари Финк, во изјава рече дека транзицијата е „заедничка одговорност на секој граѓанин, корпорација и влада“, додавајќи дека за глобална енергетска транзиција ќе бидат потребни 50 трилиони долари.

И покрај зборовите на светските лидери и извршни директори, енергетската транзиција се уште не се случува. Глобалната употреба на фосилни горива е во пораст, со што се зголемува ризикот од климатска катастрофа, пишува CNBC.

„Транзицијата е апсолутно побавна од гледна точка на климата, но важно е да се признае дека се работи пред се за политичка волја и економски избори“, рече Керол Мафет, извршен директор на непрофитниот центар за меѓународно право за животна средина.

„Нашето партнерство со Catalyst претставува петгодишна филантропска посветеност за инвестирање во врвни науки што ќе помогнат да се унапредат виталните решенија за чиста енергија“, рече Финк.

Адитија Митал, извршен директор на ArcelorMittal, најголемиот производител на челик во Северна Америка, во изјавата рече дека иницијативите како „Breakthrough Energy Catalyst“ се „критични“ за компанијата и пошироката челична индустрија.

„Индустријата за челик знае како да декарбонизира – во суштина и недостасува достапност на чиста енергија по конкурентни цени, што ни дава основа за вистинско забрзување“, додаде тој.

Гејтс не е единствениот технолошки милијардер кој се обидува да се справи со климатските промени. На второ место, основачот на Аmazon, Џеф Безос, го основа својот фонд од 10 милијарди долари, додека извршниот директор на Tesla, Илон Маск, вети дека ќе инвестира 100 милиони долари во нови технологии за „фаќање“ на јаглерод.

Некои тврдат дека ова е најмалку што можат да направат милијардерите, бидејќи тие самите се една од водечките причини за климатските промени.

Слични содржини