Кандидатот на екстремната десница на претседателските избори во Романија, Калин Георгеску денеска изјави дека ако победи на изборите, ќе се спротивстави на тоа Украина да извезува житарици преку Романија и Букурешт да испраќа воена помош за Киев.
Како да се согласам со сето тоа, тоа е невозможно. Романија и романскиот народ се на прво место. Незамисливо е покрај нас да имаме војна сред Европа, така што приоритет секако ќе биде веднаш да се запре војната во Украина – рече Георгеску.
Прашан дали ја поддржува обврската кон НАТО, Романија годишно да троши два отсто од својот буџет за одбрана, што е став на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, тој рече: „Ова е ултра секундарно, дури и не ме интересира“.
„Романскиот народ се грижи за тоа да биде среќен. Тие не можат да бидат среќни ако трошат пари на други работи. Ако НАТО е одбранбен сојуз, тогаш треба да остане таков. Верувам дека Романија нема обврска кон никого, рече Георгеску“.