Се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници, најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски.
Како што посочи, секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст.
-Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.