Германците се помалку плаќаат во кеш, се повеќе плаќаат со паметните уреди

од Milan1
25 прегледи

Приврзаноста на Германците за плаќање готовина односно кеш, од година во година се топи, така што во 2023 година само 51 отсто од сите плаќања биле направени со записи и монети, објави во понеделникот Бундесбанката, а пренесува германската новинска агенција (dpa).

Централната банка во сеопфатна, редовна студија за навиките за плаќање на Германците рече дека тоа е за седум процентни поени помалку отколку во претходното издание од 2021 година.

Плаќањата со дебитни картички се во пораст, при што нивната употреба е зголемена за пет проценти на 27 проценти. Зачестено е и плаќањето со паметни уреди, со раст од четири проценти и проширување до шест проценти од сите трансакции.

Повеќе од две петтини од испитаниците, 44 отсто од нив, рекле дека претпочитаат дебитни картички за плаќање.

Безготовинското плаќање воопшто е се пораспространето. Имено, 80 отсто од сите плаќања може да се вршат со картичка или телефон, 20 отсто повеќе отколку во 2021 година.

И покрај тоа, има простор за натамошно проширување на практиката на безготовинско плаќање, изјави претседателот на Управниот одбор на Бундесбанк, Буркхард Балц.

Тој истакна дека речиси четвртина од анкетираните изјавиле дека им се случило нешто да не можат да платат преку картичка или телефон.

За време на пандемијата, германските потрошувачи брзо се свртеа кон плаќање со картички. Меѓутоа, во оваа област, Германија сè уште заостанува зад другите западни земји.

Германците се држат за готовина затоа што не сакаат да се откажат од приватноста на плаќањето, според Бундесбанката. Според мнозинството од испитаниците, брзината и едноставноста се во прилог на безготовинското плаќање.

Слични содржини