Климатските активисти утринава окупираа огромен багер во рудник за јаглен во западна Германија во знак на протест поради уништувањето на блиското село поради проширување на друг рудник.
Како што пренесува АП, енергетската компанија РВЕ за германската новинска агенција ДПА изјавила дека четири лица рано утринава се качиле на багерот и дека работата во рудникот за лигнит Хамбах е прекината.
Полицијата е известена за инцидентот, додаваат од компанијата.