Германија и Франција подготвени да прифтат учество на сириската армија во борбата против ИД

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изрази подготвеност да прифати учество на сириските владини сили во меѓународната борба против групата Исламска држава (ИД).

15.si__0

– Во Сирија има армија, која целосно може да се искористи, како што се случи во Ирак, каде успешно беа обучени локалните сили, истакна Лајен.

Таа истовремено потенцира дека нема да има иднина за Сирија додека претседателот Башар ал Асад е на власт.

Според францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, соработката со сириската армија во борба против ИД е дозволена само доколку Асад си замине од власт.

-Ако дојде до политичка транзиција и сириската војска повеќе не е раководена од Асад, тогаш може да се преземат заеднички дејствија против тероризмот. Но, се додека тој е на власт тоа нема да биде можно, нагласи Фабиус.МИА