Германскиот парламент ќе ја укине вонредната состојба поради епидемијата на национално ниво, кога ќе заврши следниот месец, но ќе останат во сила одредени санитарни мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од Парламентот.
Пратениците во Бундестагот наведуваат дека и покрај зголемувањето на бројот на заразени, не гледаат потреба на 25 ноември да ја продолжат вонредната состојба, воведена во март 2020 година.
Тие тврдат дека состојбата е променета затоа што две третини од населението се вакцинирани и дека веќе не е потребна вонредна епидемиолошка состојба за спроведување некои мерки.За време на вонредна состојба, федералните и регионалните влади можеа да воведат мерки за спречување на ширењето на инфекцијата без одобрение од Парламентот.