Германија ќе ослободи неодредена количина нафта од своите резерви поради ситуацијата околу Иран и зголемувањето на цените на горивата, објави медиумската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори.
Според агенцијата, нафтата ќе биде ослободена од стратешките резерви на земјата, кои се достапни во случај на криза.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) претходно предложи ослободување на најголемата количина нафта од резервите во својата историја со цел да се намали цената на сировата нафта, која се зголеми за време на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран.
Според „Волстрит џурнал“, предложената количина би ги надминала 182 милиони барели што членовите на организацијата ги издвоиле од резервите во 2022 година. Според изворите на весникот, конечната одлука би можела да се донесе во средата, доколку државите-членки едногласно ја поддржат иницијативата.
По избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и САД со Иран, пловидбата низ Ормутскиот теснец, кој е клучен пат за испорака на енергетски ресурси од земјите од Персискиот Залив до светскиот пазар, е практично прекината.