19
Германија ќе воведе привремена контрола на границата со Франција по повод претстојните Олимписки игри во Париз, соопшти германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, jaви ДПА.
Тој потег е направен во соработка со француските власти за да се обезбеди поголема безбедност на Олимпијадата, што завршува на 11 август.
Европската комисија ќе биде известена што е можно поскоро.
В петок ќе бидат укинати граничните проверки со Данска, Холандија, Белгија и Луксембург, воведени поради Европското фудбалско првенство. Остануваат граничните контроли со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска за да се запре илегалната имиграција.