Германија купува 35 најмодерни американски борбени авиони спремни да носат нуклеарни бомби

од Milan1
213 прегледи

Според Ројтерс, од информации добиени од два владини извори, Германија начелно одлучила да го купи петтата генерација борбен авион Ф-35 на американската компанија Локхид Мартин (LMT.N) за да го замени своето старо Торнадо.

Извор од германската одбрана на почетокот на февруари изјави дека Германија се стреми кон купување на Ф-35, но дека се уште не е донесена конечна одлука.

Торнадото е единствениот германски борбен авион способен да носи американски нуклеарни бомби, складирани во Германија, во случај на конфликт. Но, воздухопловните сили управуваат со овој млазен авион од 1980-тите, а Берлин планира постепено да го укине меѓу 2025 и 2030 година.