Германија нема да го подигне нивото на закана од тероризам

од Симе Стоиков
186 прегледи

Оценката за опасноста од исламистички тероризам за Германија останува висока, но не е променета по нападот на концертна сала во близина на Москва, соопшти државната агенција за безбедност.

Истовремено, германската влада во понеделникот објави дека Германија е добро подготвена за можни исламистички напади, што вклучува заштита за време на Европското фудбалско првенство, кое наскоро ќе се одржи во Германија.

Но, Германија, како што е најавено, нема намера да го подигне нивото на подготвеност во борбата против тероризмот како што тоа го направи Франција по терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 137 лица, за кој одговорност презеде огранок на терористичката организација Исламска држава.

За германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократска партија на Германија) голема опасност доаѓа од огранокот на Исламската држава за авганистанската провинција Коросан. Германските безбедносни сили ја гледаат групата, која е активна главно во Авганистан, како голема закана за земјата и за Европа во целина.

Безбедносните мерки се веќе строги, а безбедносните концепти за заштита на местата за Европското фудбалско првенство секојдневно се подобруваат“, изјави портпаролот на МВР во Берлин.

За време на првенството, меѓу другото, се подготвува и засилена гранична контрола.

Експертот за тероризам Питер Нојман за германскиот јавен сервис „Deutschlandfunk“ изјави дека од почетокот на војната во Газа, Германија и Европа се соочуваат со зголемена закана од терористички напади со исламистичка позадина.

„Само во последните неколку месеци беа спречени неколку напади“, рече Нојман , посочувајќи на апсењата поврзани со планираните напади во Данска и Германија, вклучувајќи ја и катедралата во Келн.

Од почетокот на војната во Газа, имало осум обиди за џихадистички терористички напади во Европа, во споредба со само шест такви обиди во цела 2022 година, рече тој, цитирајќи податоци од Европол.

Слични содржини