Германија се соочува со уште еден проблем, слабост на инфраструктурата

од Milan1
28 прегледи

Слабостите на инфраструктурата во Германија се покажаа и за време на Европското фудбалско првенство, смета директорот на Еуро 2024 Филип Лам. Во последниве децении, имаше малку инвестиции, рече Лам, пренесува германската агенција за печат (dpa).

„Не мислам дека како земја успеавме да работиме доволно на инфраструктурата неколку децении“, рече тој во понеделникот вечерта во Лајпциг.

Во првата недела од натпреварите, многу навивачи се пожалија на компликации со доаѓањето до стадионот и обратно, како и на долго чекање.

Лам вети дека ќе биде подобро и додаде дека е во контакт со Германските железници (Дојче Бан, ДБ).

Како што наведе, Д.Б ќе направи се за луѓето „од точка А до точка Б“ да бидат навреме. Тој додаде дека ова е стар проблем на железницата.

Лам се пожали дека и самиот доцнел на натпреварот Украина-Словачка во петокот во Дизелдорф бидејќи неговиот воз не пристигнал на време.

„Генерално, последните десет дена патував со воз и главно беа многу точни“, признавајќи дека доцнењата особено ги иритираат навивачите кои патувале долг пат и потрошиле многу пари.

Слични содржини