ГЕРМАНИЈА: Што може, а што не може да се направи ако ви препишат боледување?

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Работите во Германија и сте се разболеле. Вашиот доктор ви препишал боледување, но имате билети за кино или сакате да одите во теретана?

Во вакви или слични ситуации, многу луѓе се прашуваат што е дозволено да се прави на боледување. Појаснуваме што смеете да правите доколку сте на боледување.

Може ли да ја напуштам куќата ако сум на боледување?

Одење на шопинг или во теретана, посета на пријател или одење во театар: многу луѓе се прашуваат што всушност е дозволено кога се на боледување.

Во основа, ако сте болни, но не сте приковани за кревет, се разбира, од време на време можете да ја напуштите куќата. Ова особено се однесува на купување намирници или одење во аптека.

Исто така, прошетката на свеж воздух може да ви помогне да заздравите. Дозволени се и слободни активности и покрај боледувањето – се додека тоа не го успори закрепнувањето, забележуваат германските медиуми.

Значи, одењето во кино или на фризер не е проблем доколку немате заразна болест. Но, што ако одите на забава навечер? Ноќевањето во кафана не е забрането, но не е ниту најприфатливо.

Може ли да работам иако очигледно сум болен?

Компанијата има должност да се грижи за своите работници. Ако работодавачот види дека работникот е болен на неговото биро, мора да го испрати дома.

Од работниците се бара и да земат боледување и да се опорават за да не ги загрозат своите колеги со ширење на евентуална инфекција, пишуваат германските медиуми.

Може ли да работам, и покрај боледувањето, ако повторно сум здрав?

Ако вашето боледување сè уште важи, но се опоравите порано од очекуваното, можете да се вратите на работа порано. Но, ова важи само доколку работникот е доволно подготвен за цел ден работа.

Кога треба да поднесам боледување на мојот шеф? А кога е доволен телефонски повик?

По правило, болниот работник е должен да го пријави своето отсуство што е можно поскоро. Доволен е краток вербален одговор по телефон. Во многу фирми бараат потврда или дознака за боледување едвај на четвртиот работен ден. Но, шефот може да стави крај – и не мора да каже зошто.

Ако предоцна пријавите боледување или предоцна поднесете потврда за боледување до вашиот работодавец, може да ви се закани предупредување – па дури и отказ ако тоа се повтори.

Сепак, престанокот на работниот однос поради често боледување е оправдан само ако честите краткотрајни болести резултираат со вкупна стапка на отсуства од најмалку 25 проценти – и тоа во период на набљудување од две до три години.

Може ли да користам Фејсбук и други социјални мрежи за време на боледување без ризик да бидам предупреден од мојот работодавец?

Да. Никој не може да бара од вас да зјапате во таванот. Сепак, на таквите страници не треба да пишувате ништо поврзано со работа и боледување.

Општото правило е: доаѓањето на работа кога сте болни не е од корист за вашето здравје, вашиот работодавец или вашите колеги. Кога телото е слабо, му треба одмор. Ако сте на боледување, мора да се однесувате на таков начин за што побрзо да застанете на нозе.

Слични содржини