Германија: Скап живот за странските работници

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Германскиот сојузен завод за статистика од денеска дава податоци за цените во 174 земји. Оваа меѓународна програма за споредба опфаќа стоки и услуги за потрошувачка на домаќинствата, но не ги вклучува трошоците за изнајмување на станови.

Според информациите на Федералниот завод за статистика, трошоците за живот во Индија и Египет во 2021 година биле за 67 отсто пониски отколку во Германија, што ги рангира меѓу земјите со најниски трошоци за живот меѓу главните земји на потекло на странски работници, пренесe Дојче веле.

Во Грузија, Виетнам и Тунис цените на стоките и услугите се за 60 отсто пониски отколку во Германија.

Граѓаните на земјите од Западен Балкан имаат полесен пристап до германскиот пазар на труд. Во овие земји, трошоците за живот се значително пониски: во Македонија тие се за половина повеќе од Германија, додека во Босна и Херцеговина и Албанија се пониски за 41 отсто, а во Србија за 39 отсто.

По Египет, Тунис беше најевтина земја на африканскиот континент во споредба со Германија, со цени за 60 отсто пониски. Следaт Гана и Сенегал, каде што трошоците за живот беа речиси половина од оние на Германија. Во Мароко трошоците за живот биле за 44 отсто пониски.

Потрошувачите во Виетнам, исто така, живеат значително поевтино отколку во Германија, со цени за 60 проценти пониски. Работниците од Тајланд и Филипините живееле дома со трошоци, кои се за половина помали од тие во Германија.

Во Кина цените беа за 24 отсто пониски отколку во Германија. Спротивно на тоа, трошоците за живот во САД се седум отсто повисоки.

Слични содржини