172
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес пред средбата со министрите на НАТО во Брисел изјави дека Германија потпишала договор со Рајнметал, според кој оваа компанија повторно ќе произведува муниција за противвоздушните тенкови Леопард што Берлин и ги испорача на Украина.
„Наскоро ќе започнеме сопствено производство на муниција за тенковите Гепард. Среќен сум што можеме да гарантираме испорака на оваа важна компонента на воздушната одбрана“, рече Пистрориус.
Како што беше претходно најавено, Германија следната недела ќе започне со обука на украинските тимови за тенкови Леопард 2.