Германска лекарка осудена на затвор поради издавање лажни потврди за ковид

од Radmila Tasevska
167 прегледи

Германска докторка е осудена на две години и девет месеци затвор, бидејќи незаконски дозволила повеќе од 4.000 луѓе да не носат заштитни маски за време на пандемијата на коронавирус.

Регионалниот суд во градот Вајнхајм на југозападот на земјата потврди дека докторката е осудена за издавање лажни здравствени потврди на пациенти од цела Германија, од кои повеќето никогаш не ги запознала и не ги прегледала.

Лекарката за време на судењето тврдеше дека носењето маски е штетно по здравјето на луѓето.

Покрај затворската казна и е изречена тригодишна забрана за работа и парична казна од 28.000 евра кои ги добила поради издавање лекарски уверенија. Нејзиниот канцелариски асистент е казнет со 2.700 евра. Адвокатот на лекарот има намера да поднесе жалба на пресудата.

Десетици поддржувачи на лекарот се собраа пред судот во Вајнхајм, северно од Хајделберг, незадоволни од пресудата и германските ограничувања поради пандемијата. Германија минатата година го укина задолжителното носење маски во многу затворени простори, иако сè уште е на сила обврската да се носат во возови на долги релации, во лекарски ординации, болници, старечки домови и во некои регионални јавен превоз.

Слични содржини