Германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија АфД сака да основа партија која би функционирала на ниво на цела Европа, а со цел да добие средства од ЕУ веќе во 2025 година, објави денеска германскиот портал „Тагешау“
Според истражувањето на германските медиуми, АФД во моментов интензивно работи на формирање европска партија и сака да пристапи до јавните фондови на ЕУ веќе во 2025 година.
За да се постигне оваа цел, АфД треба да формира нова партија која ќе дејствува на европско ниво, таканаречената Европска партија, пишуваат германските медиуми.
Се нагласува дека АфД досега беше само дел од група десничарски партии во ЕП на ниво на ЕУ, додека европските партии се состојат од национални партии во неколку земји-членки.
Вакви партии основаа и други големи европски групи во ЕП, а предност за партиите е што можат да добијат средства на европско ниво.
За поголемите европски партии, вклучената сума може да биде неколку милиони.
АфД брза да основа нова партија бидејќи сака да ги исполни буџетските рокови за 2025 година. За ова треба да се постигне договор на конвенцијата на АфД, која е закажана за средината на септември, бидејќи барањето за признавање на европската партија и користење на буџетот за следната година треба да го добие ЕУ до крајот на тој месец.
Одлуката дали ќе бидат одобрени грантови од буџетот на ЕУ и колку ќе изнесуваат ќе донесе Европскиот парламент, пренесува „Танјуг“.