Германската економија се соочува со натамошен пад, доколку не се спроведат реформи

Шефот на економскиот истражувачки институт Ифо со седиште во Минхен, Клеменс Фуест, изјави дека ситуацијата на германската економија во моментов е драматична и се соочува со натамошен пад доколку не се спроведат големи реформи.

од Бисера Трајковска
7 прегледи

Шефот на економскиот истражувачки институт Ифо со седиште во Минхен, Клеменс Фуест, изјави дека ситуацијата на германската економија во моментов е драматична и се соочува со натамошен пад доколку не се спроведат големи реформи.

Тој весникот „Билд“ посочи дека Германија е во економски пад со години.

-Додека владините трошоци продолжуваат да растат, приватните инвестиции опаѓаат. Ова го доведува во акутна опасност просперитетот на Германија, бидејќи помалку приватни инвестиции значи помал раст на среден рок, помалку даночни приходи и затоа помалку пари за државни услуги, изјави Фуест.

Според него, економската состојба стагнира и милиони граѓани веќе доживуваат пад на животниот стандард.

Фуест смета дека германската влада да подготви сеопфатна програма за реформи во следните шест месеци, која ќе оди далеку над сегашниот коалициски договор. Планот треба да биде усвоен најдоцна до пролетта 2026 година.

Програмата, како што вели, би требало да содржи големи социјални реформи, вклучително и укинување на пензиите за мајки. Владата наместо тоа треба да се фокусира да обезбеди придонесите да не продолжат да растат.

Слични содржини