Германски компании бараат добавувачи од земјите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Германско-српската стопанска комора во средата покани компании од Србија и земјите од Западен Балкан да бидат добавувачи на германски компании, како дел од проектот што го спроведува веќе девет години.

Повеќе од 50 германски компании се пријавиле на состанокот на кој ќе разговараат со заинтересираните добавувачи што ќе се одржи во Келн на 12 октомври. Рокот за поднесување на апликацијата е 28 јули, пренесува Бета.

За добавувачи германските компании се заинтересирани главно од металопреработувачкиот сектор, секторот добавувачи за автомобилската индустрија, секторот за преработка и производство на пластични материјали, како и помал број компании од електро и електронскиот сектор.

Досега се организирани повеќе од 3.500 директни средби на бизнисмени во рамки на регионалниот проект „Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи во земјите од Западен Балкан“, при што беа склучени бројни договори.

Оваа иницијатива се спроведува од 2015 година под покровителство на Министерството за економија и енергетика на Германија како дел од Програмата за развој на странски пазари за мали и средни претпријатија на Германија, со поддршка на претставништвото на германската економијата во земјите од Западен Балкан (AHK), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME e.V.).

Партнер во проектот е Стопанската комора на Србија.

Слични содржини