Германски железници: Саботажа е причина за застој на мрежата во северна Германија

од Destan Jonuzi
156 прегледи

Германскиот железнички оператор Дојче Бан соопшти дека саботажа ги предизвикала големи проблеми со железничката мрежа на север во државата, јави ДПА.

„Саботажа на кабли што беа од витално значење за железничкиот сообраќај значеше дека Дојче Бан мораше да ги запре возовите што сообраќаат на север утрово на речиси три часа“, соопшти операторот. Безбедносните власти ја презедоа истрагата, соопшти Дојче Бан.