Германскиот емисар во Косово, Османи од него бара поддршка за членство во Советот на Европа и НАТО

од Илинка Илиоска
348 прегледи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска на средба го прими специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин. На средбата се разговараше за последните политички и безбедносни случувања во земјата и регионот.

Османи ја истакна посветеноста на Косово во процесот на евроинтеграции, изразувајќи благодарност за поддршката од Германија.

Таа, особено ја истакна целосната поддршка за Берлинскиот процес и договорите кои произлегуваат од овој процес.

Воедно, Османи ја истакна потребата од континуирана германска поддршка за зајакнување на меѓународната позиција на Косово како и исполнување на аспирациите за членство во Советот на Европа, НАТО, ЕУ и другите меѓународни организации.

Слични содржини