Германскиот емисар за Западен Балкан Саразин: Заминувам загрижен од Косово

од Milan1
66 прегледи

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин изјави дека загрижено го напушта Косово, во отсуство на резултати во однос на Берлинскиот процес и предупреди на можноста да нема позитивно раздвижување до 14 октомври, кога ќе се одржи Самитот на Берлинскиот процес во Германија.

„Денеска дојдов во Приштина и ќе патувам во регионот за да подготвам конкретни резултати за луѓето од регионот. Да се оди напред е потребен компромис и желба и отстапки за политичко помирување, што знам дека не е лесно ниту за Косово, ниту за Србија. Заминувам загрижен дека сè уште не сме таму каде што треба да бидеме. Ако не постигнеме добри резултати до Самитот на 14 октомври, загрижен сум дека нема да ја постигнеме нашата цел да добиеме силен сигнал дека регионалната соработка, регионалниот заеднички пазар и Берлинскиот процес се форматот во регионот за да донесе конкретни резултати за граѓаните“, рече Саразин.

Тој нагласи дека се бара од сите држави во регионот да имаат резултати во однос на слободното движење на луѓе, стоки, пари и трговија, напоменувајќи дека, не само Косово и Србија, туку и другите земји од регионот сé уште не се на вистинското ниво да донесат конкретни резултати од соработката во рамките на Берлинскиот процес.

Слични содржини