13
Германија ги укина ограничувањата околу дострелот на оружјето што и се испраќа на Украина за да напаѓа подлабоко на руската територија, изјави канцеларот на земјата, Фридрих Мерц.
Со ова е отстранета и последната пречка за испраќање на моќните германски проектили со долг дострел „Таурус“, нешто кое минатата германска влада го одбиваше.
Проектилите „Таурус“ се со дострел од 500 километри, и носат моќна муниција.
„Нема ограничувања во дострелот на оружјето кое ќе се испраќа во Украина. Ниту од Британија, ниту од Франција ниту од нас. На Украина мора да и се дозволи да ја напаѓа воената инфраструктура на Русија, и да се брани на тој начин“, рече Мерц, кој додаде дека идните испораки на оружје за Украина ќе се одвиваат во поголема тајност.