Германија постигна трговски суфицит од 241,2 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на Дестатис.
Извозот на земјата изнесуваше 1,55 илјади милијарди евра, а увозот достигна 1,31 илјади милијарди евра во 2024 година. Извозот е намален за 1,3 отсто, а увозот за три отсто во однос на 2023 година, јавува агенцијата „Анадолија“.
На годишна основа, германскиот извоз пораснал за 3,4 отсто во декември на 131,7 милијарди евра, додека неговиот увоз исто така пораснал за 4,5 отсто на 111,1 милијарди евра.
На месечно ниво, извозот во декември е зголемен за 2,9 отсто, а увозот за 2,1 отсто во однос на ноември.
Извозот на Германија во земјите-членки на ЕУ во декември изнесува 72,4 милијарди евра, додека нејзиниот увоз од овие земји во истиот период изнесува 57 милијарди евра.
Извозот на земјата во земјите надвор од ЕУ изнесува 59,3 милијарди евра во декември 2024 година, додека увозот од овие земји изнесува 54,1 милијарди евра.
Најголем дел од германскиот извоз во декември отишол во САД, 3,5 отсто помалку од ноември, со вкупно 13,5 милијарди евра.
Во меѓувреме, извозот во Кина пораснал за 1,4 отсто на 6,7 милијарди евра, додека извозот во Обединетото Кралство е намален за три отсто на три милијарди евра.
Германскиот увоз во декември доаѓа главно од Кина, во вкупна вредност од 13,4 милијарди евра.