Германските индустриски компании се повеќе го префрлаат производството во странство

од Milan1
22 прегледи

Германските индустриски компании се повеќе го префрлаат производството во странство. Доминантен мотив се производствените трошоци, објави Германската индустриска и трговска комора (ДИХК).

Цитирајќи го сопственото истражување, ДИХК вели дека 35 отсто од компаниите донеле таква одлука поради високите цени во земјата, највисоки од финансиската криза во 2008 година.

„Заминувањето на компаниите поради скапата енергија, парализираната бирократија и растечкото даночно оптоварување испраќа опасен сигнал“, рече членот на извршниот одбор на ДИХК, Волкер Трејер.

Студијата е објавена во време кога германските демохристијани и социјалдемократи почнуваат да подготвуваат програма за идната коалициска влада.

Во подготвителната фаза на преговорите, двете страни се согласија да го олеснат товарот на стопанството со намалување на даноците за струја барем до европскиот просек, како и со намалување на бирократијата.

Претседателот на ДИХК, Питер Адријан, тогаш изјави дека „на економијата и треба повеќе слобода, помалку трошоци и поефикасна администрација“.

„Потребен ни е пресврт“, рече Трејер. „Германија ја губи инвестициската трка“.

Странските инвестиции во Германија долго време првенствено служат за обезбедување влез на домашниот пазар. Овој мотив е сè уште актуелен, но со 30 проценти е над повеќегодишниот просек.

Речиси две третини од компаниите, 64 отсто, ја наведоа еврозоната како најважна област за инвестирање, но Северна Америка доби на важност од претходното истражување.

Уделот на компаниите кои имаат намера да инвестираат во Америка се зголеми од 45 на 48 отсто. Во исто време, во Германија речиси две петтини од компаниите планираат да ги намалат инвестициите.

Слични содржини