Германските компании се задоволни од воведувањето на четиридневна работна недела

од Milan1
11 прегледи

Германските компании се задоволни од пробното воведување на четиридневна работна недела, што, меѓу другото, поволно се одрази и на физичкото и психичкото здравје на вработените. Показателите за финансиските перформанси, како што се приходите и профитот, останаа во голема мера стабилни и покрај намалувањето на работните часови, што укажува на одредени добивки во продуктивноста.

Речиси три четвртини од 45-те компании кои учествуваа во шестмесечниот експеримент рекоа дека нема да се вратат на традиционалната петдневна работна недела, според Блумберг.

Како што е наведено, само две големи фирми биле принудени да го напуштат експериментот поради „економски тешкотии или недостаток на внатрешна поддршка“.

Германија, како и другите западни економии, се соочува со демографски проблеми. Повеќе од седум милиони луѓе се очекува да го напуштат германскиот пазар на труд до 2035 година, а наталитетот и имиграцијата не се доволни за да се компензира населението кое брзо старее, пренесува „Танјуг“.

Резултатите од студијата во најголемата европска економија се во согласност со заклучоците од слични пилот проекти претходно спроведени во Велика Британија, Португалија и Јужна Африка.

Слични содржини