Нема индиции дека падот на товарниот авион на германската компанија ДХЛ (DHL) во Литванија е поврзан со предупредувањето на германските власти за пакети со запаливи средства, изјави денеска портпаролот на германското МВР.
-Ќе треба да почекаме да заврши истрагата, рече портпаролот на германското МВР.
Британските медиуми потсетуваат дека германските власти во август ги предупредија компаниите за инциденти во кои пакети со запаливи уреди се запалија при транзит и посочија дека повеќе пакети од овој тип кружат низ Европа.
Авион на ДХЛ се урна утрово во близина на аеродромот во Вилнус, при што најмалку едно лице загина, а неколку се повредени.
Претставникот на литванската полиција, Рамунас Матонис, потврдил за ЛРТ дека во авионот имало четири лица, а еден од двајцата пилоти е убиен.
Надлежните се уште немаат информации за евентуални жртви во близина на зградата во која се урна авионот.