Германското Министерство за одбрана објави извештај според кој руската армија целосно се повлекува од сите бази во Средоземното Море по падот на Сирија.
Руската армија веќе го напушти пристаништето Тартус на западот на Сирија, се вели во извештај на германското Министерство за одбрана, кој наводно го виделе германските медиуми.
Американската армија го евакуираше американскиот државјанин Тревис од Сирија…
Германците пишуваат дека безбедносните гаранции на новите власти во Сирија, на чело со џихадистите од организацијата Хајат Тахрир Ал Шам, се однесуваат само на евакуација на Русите, а не на нивниот континуиран престој во таа земја.
Во Сирија, Русија ја користи воздухопловната база во Латакија и до неодамна пристаништето Тартус, за да го поддржи својот центар во Либија, кој служи за дополнително снабдување на руските единици во Африка.
Ако Русија остане без аеродром во Латакија, тоа ќе има влијание и на воздушниот транспорт на стоки од Русија до Либија, а поради подолгите летови ќе се намали и количината на товар што авионите можат да ја превезуваат.
Воздушниот транспорт на тешка опрема без постојка ќе биде невозможен доколку остане во сила дозволата на Турција за летање низ нејзиниот воздушен простор.
„На дозволата на Турција за прелетување на руската армија во НАТО не се гледа позитивно“, се вели во документот на министерството.
Губењето на базите во Сирија несомнено ќе влијае на руските логистички операции во Африка. Сепак, во анализата се наведува дека и покрај се, сегашното ниво на руска воена вклученост во Африка нема да се намали.
Досега Тартус беше единственото постојано упориште на Русија во источниот Медитеран.
Во стратешка смисла, губењето на оваа база во Сирија ќе влијае на сигурното руско присуство во источниот Медитеран, а транспортот на опрема и оружје ќе биде возможен со ограничувања или целосно суспендиран.
Во анализата на германското Министерство за одбрана се проценува дека, без договор со новите сириски власти, Русија веројатно ќе има само ограничена можност да го задржи присуството на својата морнарица во Средоземното Море.