48
Унгарското претседателство со Советот на ЕУ веќе предизвика штета, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.
Будимпешта го презеде ротирачкото претседателство на 1 јули. Унгарскиот екстремно десничарски премиер, Виктор Орбан, поттикна контроверзии во изминатите денови со патувањето во Русија и Кина без поддршка од неговите колеги од ЕУ.
Орбан вчера се сретна и со Доналд Трамп на Флорида.
„Мораме да видиме како ќе продолжи унгарското претседателство на Советот“, рече портпаролот на германското министерство на прашањето како Берлин планира да одговори на неодамнешните дипломатски посети на Орбан.
„Сега сме на 12-ти ден и тоа веќе предизвика многу штета“, додаде портпароло