Гервала го информираше Советот на Европа дека Приштина ќе го испрати статутот на ЗСО до Уставниот суд до крајот на мај

од Milan1
154 прегледи

Министерката за надворешни работи на привремените институции на Приштина, Доника Гервала денеска соопшти дека преку писмо го информирала Советот на Европа дека до крајот на мај Приштина ќе испрати предлог на статутот на Заедницата на српските општини до косовскиот Уставен суд.

Приштина претходно објави дека формирањето на ЗСО било поставено како услов за прием на на Косово до Советот на Европа.

Гервала на Фејсбук изјави дека во писмо до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Рузопулос, навела дека Приштина подготвува нацрт статут за формирање „механизам за самоуправување, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово“.

Слични содржини