GFN во Варшава: Многу рестриктивните регулативи кога е во прашање намалувањето на штети од пушење едноставно не функционираат

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Иако се добронамерни, многу рестриктивните прописи кога станува збор за намалување на штетите од пушењето едноставно не функционираат. Имаме обврска да ги слушаме луѓето, да ги разбереме нивните предизвици, да разбереме како можат да ги намалат своите здравствени ризици доколку не можат или не сакаат да престанат да пушат, се дел од пораките од неодамна одржаниот 11. Глобален форум за никотин во Варшава.

Претседателот и генерален директор на „Глобалната акција за прекин на пушењето“, Клиф Даглас, на панелот насловен „Премостување на јазот – преземање на глобална акција за крај на пушењето“, рече дека една од најчестите заблуди е дека сме ја „решиле“ оваа епидемија.

„Премногу здравствени работници и пациенти веруваат дека нивните единствени опции за откажување од пушење се или методот „ладна мисирка“, односно нагло откажување од пушењето или употребата на медицински производи за замена на никотинот, како што се никотинските гуми или фластери. Но, знаеме дека постојат многу поединци кои не можат или не сакаат да престанат да пушат, користејќи лекови за откажување од пушење“, рече Даглас.

Како што додаде, мораме да разбереме која всушност е реалноста што не опкружува.

„Мораме да признаеме дека повеќе од сто милиони луѓе ширум светот веќе донеле одлука да користат вејпови и други никотински производи што не го согоруваат тутунот. Знаеме дека, во многу случаи, според извештаите на Cochrane Reviews и други, помалку штетните алтернативи често се поефикасни од лековите за замена на никотин во помагањето на луѓето да престанат да користат запалив тутун“, објасни Даглас.
Претседателот и основач на Австралиското здружение за намалување на штети од пушењето, Колин Менделсон, користејќи го примерот на Австралија, објасни што предизвикале рестриктивните политики.

„Историјата покажа дека острите рестрикции на популарен производ едноставно го испраќаат тој производ во илегала. Луѓето наоѓаат други начини да дојдат до него. Затоа денес Австралија ја има една од највисоките стапки на користење на вејпинг меѓу младите луѓе во западниот свет. Искуството на Австралија ни покажува дека многу рестриктивните политики доведуваат до значителни несакани и штетни последици. Политичарите имаат одговорност да разберат какво влијание имаат политиките што ги спроведуваат во реалниот свет. Кога политиката ќе пропадне, трошоците – без разлика дали се монетарни или други – може да бидат значителни“, рече Менделсон.

Ко-основачот на Глобалниот форум за никотин, професор Гери Стимсон, смета дека борбата на ова поле е долгорочна.

„Во Австралија постои речиси универзално непријателско противење на вејпингот. Беспрекорните референци на Колин од долгата кариера во општата пракса и откажувањето од пушење не му пружија заштита од напади, обиди за цензура, одбивање на медицинските списанија, жалби до професионалните тела и погрешни толкувања. И покрај тоа, тој никогаш не се откажа или тивко исчезна. Австралија на крајот ќе се откаже од своите бизарни обиди да ги регулира електронските цигари до истребување и Колин Менделсон ќе помогне тоа да се случи“, заклучи Стимсон.

Слични содржини