264
„Гибралтарските власти ја запленија супер-јахта во сопственост на рускиот милијардер Дмитриј Пумпјански“, изјави британскиот министер за транспорт Грант Шапс.
„Како министер за транспорт правам се што можам за да ја оневозможам руската авијација и бродска индустрија, а мојата порака до рускиот претседател Владимир Путин и неговите пријатели е гласна и јасна – нема каде да се скриете“, рече Шапс.
Компанијата за производство на челични цевки на Пумпјански, која е под санкции, го снабдува рускиот гасен гигант Газпром.