Главниот адмирал на НАТО ги советува бизнисмените да подготват „воено сценарио“

од Milan1
49 прегледи

Главниот адмирал на НАТО во понеделникот ги повика деловните луѓе да подготват „воено сценарио“ и да го прилагодат своето производство и дистрибуција за да бидат помалку изложени на уцени од Русија и Кина.

„Ако можеме да ги обезбедиме сите производи и услуги, тоа е клучен дел од нашето одвраќање“, рече во Брисел шефот на Воениот комитет на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер.

Говорејќи на конференцијата на тинк-тенк Центарот за европска политика, тој рече дека одвраќањето вклучува повеќе од само воени способности, бидејќи сите достапни инструменти се користат во војна.

„Сведоци сме на сѐ повеќе саботажи и Европа веќе го доживеа тоа во снабдувањето со енергија“, рече Бауер.

„Мислевме дека имаме договор со Газпром, но всушност имавме договор со г-дин Путин. Истото важи и за кинеската инфраструктура и производи. Ние всушност имавме договор со г-дин Кси“, додаде тој.

Бауер предупреди на зависноста на Западот од Кина, од каде потекнуваат 60 отсто од ретките метали, а 90 отсто од нив се обработуваат. Од Кина пристигнуваат и хемиски состојки за седативи, антибиотици, антиинфламаторни и лекови за висок крвен притисок.

„Ние сме наивни ако мислиме дека Комунистичката партија нема да ја искористи оваа моќ. Деловните луѓе од Европа и Америка мора да разберат дека деловните одлуки што ги носат имаат стратешки последици за нивните земји“, рече Бауер.

„Бизнисмените треба да подготват воено сценарио и да го приспособат своето производство и дистрибуција на него. Армијата победува во битките, а економиите добиваат војни“, порача холандскиот адмирал.

Слични содржини