Климатските промени кои беа видливи преку екстремно високите температури во текот на летните месеци доведоа до катастрофални поплави во Европа овој месец. Истражувачите велат дека загадувањето или глобалното затоплување ги удвои шансите за екстремни врнежи што ја погодија централна Европа во септември. Доколку луѓето, и покрај предупредувањата во изминатите неколку години, не продолжија да ја загреваат планетата, количината на вода што паднала на Стариот континент ќе беше за половина помала, утврди Светската метеоролошка организација. „Трендот е јасен“, вели Богдан Којнички, климатски научник од Универзитетот за природни науки во Познан. „Ако луѓето продолжат да ја полнат атмосферата со емисии на фосилни горива, ситуацијата ќе биде уште потешка“, вели тој, а пренесува „Гардијан“.
Невремето „Борис“ донесе рекордни количества врнежи во Централна Европа во средината на септември, особено во Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Обилните дождови ги претворија мирните потоци во бесни реки, предизвикувајќи поплави кои уништија куќи и загинаа дваесетина луѓе.
Истражувачите велат дека, сепак, преземените мерки за негово спречување го намалиле бројот на жртви во споредба со сличните поплави што го погодија регионот во 1997 и 2002 година. Тие повикаа на подобра одбрана од поплави, системи за предупредување и планови за одговор при катастрофи и предупредија да не се продолжи со обновата во регионите подложни на поплави.