Го нарекувале Професор, бил доушник на САД – кој е убиениот лидер на ИСИС?

од Milan1
353 прегледи

Лидерот на Исламската држава Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши, инаку познат како „професорот“ кој се разнесе за време на американската воена операција, имал комплицирано минато, некогаш служел како американски доушник, а Вашингтон неодамна ја уценил неговата глава на 10 милиони долари.

Ал Кураши, познат и како Абдула Кардаш, го добил прекарот Професор или Уништувач поради неговата репутација, тој е познат како сурова, но популарна личност меѓу членовите на ИСИС.

Тој го замени Абу Бакр ал-Багдади откако Ал Багдади се разнесе во самоубиствен елек за време на рација на САД во 2019 година. Се верува дека Ал Кураши е поранешен офицер во армијата на Садам Хусеин, кој претходно склучил сојуз со Ал Багдади во затвор, станувајќи нејзин извршител и главен креатор на политиката на организацијата, пренесува Дејли Меил.

Ал Кураши некогаш им бил познат на американските власти како кооперативен доушник, кој на американските сили им открил детали за Исламската држава во Ирак. Тој беше уапсен во 2007 или 2008 година и помина со месеци во американски камп во Ирак.

Во документите на Министерството за одбрана на САД тој е опишан како повремен кооперативен доушник кој на распитот открил детали за групата што ќе продолжи да ја води.

Според Амак, новинската агенција на ИСИС, Багдади го назначил Ал Кураши да ги води секојдневните операции на групата во август 2019 година, што го прави наследник откако неговиот поранешен шеф се самоуби за време на напад на американските сили во Сирија.

Во 2020 година, САД ја удвоија наградата за новиот лидер на ИСИС на 10 милиони долари. Но, Ал-Кураши продолжи да се крие, тој не се појавуваше во јавноста и ретко објавуваше аудио снимки.

Не е познато неговото влијание и секојдневната вклученост во операциите на групата, а тој нема познат наследник.

Ал-Курши, познат и како Хаџи Абдула ал-Афари, е роден во 1976 година во Тал Афар, град со мнозинско сунитско население во Ирак.

По американската инвазија на Ирак во 2003 година и потегот на претседателот Буш да ја распушти армијата, тој се најде во затвор обвинет за врски со Ал Каеда.

Слични содржини