Зголемениот сообраќај поради годишните одмори денеска во Франција доведе до голем метеж, особено на патиштата кои водат кон Медитеранот и Атлантскиот Океан, каде се формираа редици во должина од околу 800 километри.
На автопатот 7, кој минува низ долината на Рона, на возачите им требаа повеќе од пет часа да патуваат од Лион до Оринџ. Во спротивно, ќе им требаше час и половина, соопштија од компанијата Винчи која стопанисува со тие патишта.