Голем успех за вината на „Тиквеш“ и „TikvešChâteaux&Domainеs“ на престижни меѓународни натпревари во Франција и Кина

од Milan1
492 прегледи

Продолжува големиот успех на вината на„Тиквеш“ и „TikvešChâteaux&Domainеs“. На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, врвните вина го докажаа својот квалитет,освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда.

На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – „ChinaWine&SpiritsAwards- Best Value 2022“, „VranecLuda Mara 2019“ освои двоен златен медал, што е потврда за високиот квалитет и уникатните карактеристики по кои ова вино се издвојуваво конкуренција на вина од целиот свет. Златен медал добија вината „T’ga za Jug 2021“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, а на виното „Vase de Pierre 2017“ му беше доделен сребрен медал.

Оценките на вината на овој вински натпревар ги даваат 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари. Нивните оценки воедно се и препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.

Силна потврда за високите квалитети на вината на „Тиквеш“ и „TikvešChâteaux&Domainеs“, пристигнаа и од Франција, каде освоија седум златни медали и една специјализирана награда. Специјализираната награда беше доделена од списанието „SommeliersInternational“ за црвеното вино „BelaVodared 2019“и претставувазначајна препорака доделена од меѓународно списание наменето за винските професионалци од целиот свет. Покрај тоа, ова вино доби и златен медал, заедно со „SauvignonBlancBarovo 2021“и „BelaVodawhite 2021“. На овој реномиран натпревар, сребрен медал освоија вината „AlexandriaCuvéeRose 2021“, „DomaineLepovoChardonnay 2021“, како и „Terrase a l’Ombre 2019“.

Големиот успех на овие меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на овие вина на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност.

Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и придонесуваат за промоција на земјата како винска дестинација.

Ова не се први награди годинава. Вината на „TikvešChâteaux&Domainеs“ на еден од најголемитенатпревари во светот– „Мундус вини“ 2022, освоија четири златни медали и едно специјално признание.

Слични содржини