Голите девојки во Дубаи се уште тема број еден: Властите ги објавија нивните санкции (ФОТО)

479 прегледи

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое голи девојки позираат на терасата од стан во Дубаи, локалните власти објавија дека станува збор за 40 девојки од Украина, Белорусија и Молдавија и дека им се заканува затворска казна од 6 месеци.

Полицијата во Дубаи соопшти дека уапсила „група луѓе кои се појавиле во непристојно видео“ под обвинение за разврат на јавноста.

Видеа и фотографии на кои се гледаат голи жени, наредени на балконот за време на снимањето, започнаа да кружат на социјалните мрежи во саботата вечерта. Сега има слики на кои се гледаат модели во еден стан во луксузен градски кварт.

Покрај затворот, на девојчињата им се заканува парична казна од околу 1.000 фунти за кршење на законот за јавна пристојност во Обединетите Арапски Емирати.

За сите модели се вели дека доаѓаат од поранешниот Советски сојуз, вклучително и Украина, Белорусија и Молдавија. Постојат шпекулации дека жените се дел од израелската филмска екипа наменета за страница за возрасни во САД.

Слични содржини