Гордана Силјановска Давкова на средба со Ѓорге Иванов: Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои

од Симе Стоиков

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денес беше во Валандово каде што се сретна со поранешниот прв човек на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици.

Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои, порача Силјановска Давкова

Слични содржини