Рускиот воен аеродром во близина на границата со Украина бил погоден од најмалку еден проектил, објави Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен цитира видеа објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како ракета со долг дострел го погодува аеродромот и предизвикува неколку пожари на пистата, која се наоѓа во Милер во близина на Ростов во Русија, на десетина километри од границата со Украина.
Локалниот весник „Комсомолскаја Правда“ објави дека украинска ракета погодила воен објект, повикувајќи се на извор од службите за спроведување на законот во регионот.
Милерово е дел од Јужниот воен округ и во него се наоѓа 31-виот гардиски борбен авијациски полк, кој има две ескадрили „Су-30СМ“.